Кој каде ќе прегласува ВТОР круг за градоначалник

од Vladimir Zorba
  По тешкиот праз и дебакал на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ малку надеж во вториот круг и каква таква можност за плус градоначалничко место.Вториот круг од локалните избори  е на 29 октомври.

 СДСМ  во овоаа последна рунда , според ДИК, ќе влезе со предност во 14 општини, додека ВМРО-ДПМНЕ во 6 општини.

СДСМ победил, но го нема потребниот број од над 50 отсто од излезените гласачи во 14 општини. Во 13 од нив во вториот круг против кандидати ќе им бидат ВМРО-ДПМНЕ, а во една општина кандидатот за градоначалник од НДП.

ВМРО-ДПМНЕ пак и покрај тешкиот пораз, со  предност пред СДСМ вчегува  во 6 општини. Најтесна е разликата меѓу двете партии во Штип каде што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев освои само 36 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски. Ситна е разликата и во Чешиново-Облешево, каде ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг има предност пред СДСМ од само 39 гласови.

Кај албанските партии ДУИ во вториот круг ќе влезе со предност во 11 општини, Алијансата на Албанците и ДПА имаа предност само во по една општина.

Во две општини со предност во вториот круг ќе влезат независни кандидати.

СДСМ води во : Кисела Вода,Бутел,Гази Баба, Шуто Оризари ,Виница,Градско Демир Капија,Јагуновце,Карбинци, Македонска Каменица, Македонски Брод, Росоман, Старо Нагоричане и Чашка.

ВМРО-ДПМНЕ води во: Зрновци, Кавадарци, Новаци, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип

ДУИ води во: Гостивар ,Тетово, Чаир, Сарај, Боговиње, Врапчиште, Дебар, Долнени, Желино, Липково и Теарце

Алијанса на Албанците води во: Струга

ДПА води во: Студеничани

Независни кандидати имаат водство во: Брвеница и Могила.

Потсетуваме дака разликите во гласовите се минимални речиси во сите општини.

Како и да е до 19 односно до 24 часот денеска трае рокот за поднесување приговори и тужби во однос на локалните избори што се одржаа во неделата. Откако ќе се постапи по приговорите ќе бидат познати и конечните резултати за првиот круг гласање.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

– Точен број каде изборите завршиле во прв круг може да соопштиме кога резултатите ќе станат конечни, односно кога ќе заврши постапката за одлучувања по приговори и тужби. Подносителите на листи имаат право и на судска заштита, односно да поднесат тужба до Управниот суд. Откако ќе заврши целата таа постапка, можеме да ги објавиме конечните резултати и тогаш ќе имаме точна претстава во колку избирачки места изборите завршиле во прв круг, а во колку општини ќе има втор круг, рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски вчера на прес-конференција.

Слични содржини