Компанијата на Маск ќе распореди стотици шпионски сателити за потребите на владата на САД

Плановите го покажуваат степенот на вклученост на SpaceX во американските разузнавачки и воени проекти и ја илустрираат подлабоката инвестиција на Пентагон во огромните сателитски системи

од Бети Божиноска

Компанијата SpaceX подготвува мрежа од стотици шпионски сателити, потврдија пет неименувани извори запознаени со овој проект, пренесува „Еурактив“.

За мрежата на шпионски сателити е одговорна деловната единица SpaceX Starshield, која во 2021 година склучила договор вреден 1,8 милијарди долари со Националната служба за извидување (NRO), разузнавачка агенција која управува со шпионски сателити.

Плановите го покажуваат степенот на вклученост на SpaceX во американските разузнавачки и воени проекти и ја илустрираат подлабоката инвестиција на Пентагон во огромните сателитски системи кои орбитираат ниско околу Земјата, а чија цел е поддршка на копнените сили.

Ако проектот биде успешен, значително ќе ја подобри способноста на американската влада и војска брзо да ги забележат потенцијалните цели речиси насекаде во светот.

НРО во соопштение ја призна својата мисија за развивање софистициран сателитски систем и нејзините партнерства со други владини агенции, компании, истражувачки институции и нации, но одби да ги коментира наодите за степенот на вклученост на SpaceX во напорите.

„Националната канцеларија за извидување го развива најспособниот, најразновиден и најотпорен вселенски систем за разузнавање, надзор и за извидување што светот некогаш го видел“, рече портпаролот на агенцијата.

Сателитите можат да следат цели на земјата и да ги споделат тие податоци со американските разузнавачки и воени претставници. Во принцип, тоа ќе ѝ овозможи на американската влада брзо да снима континуирани слики од активностите на терен речиси насекаде низ светот, помагајќи ги разузнавачките и воените операции.

Отприлика дванаесетина прототипасе лансирани од 2020 година, меѓу другото, и преку сателити на ракетите „фалкон 9“ на SpaceX.

Се вели дека договорот е знак на зголемена доверба меѓу разузнавачкиот естаблишмент и компанија чиј сопственик се судри со администрацијата на Бајден и предизвика контроверзии околу употребата на сателитската врска Starlink во војната во Украина.

Слични содржини