Корупција и непотизам во високото образование

од Vladimir Zorba

 Oбразованието е узурпирано од политички центри на моќ, потенцира академската фела. Владее корупција и непотизам, се дел од заклучоците од денешната расправа за предлог законот за високо образование. Министерката Рената Дескоска тврди дека со новиот предлог-закон за високо образование ќе се стави крај на корпоративниот пристап кон образованието.

„Клучните темели на коишто се заснова овој закон е академската слобода која што треба да вклучува слобода на говор и изразување, што е опфатена преку повеќе аспекти. Една е преку правната сигурност којашто ќе ја имаат вработените на факултетот, друго е преку деконцентрирањето на моќта во рамките на Универзитетот.“ – изјави Рената Дескоска – министерка за образование.

Студентските претставници побараа гаранција, дека новиот закон ќе ги заштити од политичките центри на моќ.

„Претставниците или делегатите во студентските собранија на универзитетско и на факултетско ниво треба да бидфат избрани на непосредни и тајни избори, а не како што е предложено на некој делегатски систем, бидејќи се дава моќта само на едно тело, кое понатаму делегира “ – изјави Мартина Илиевска од Македонскиот образовен форум.

„Ние сметаме дека духот на овој закон е да се децентрализира моќта и моќта од тој „алфа претседател кој ќе одлучува за се“, да биде спуштен на најниско можно ниво, во овој случај тоа се студентите, а претседателот сметаме дека треба да се замени со колективен орган, односно претседателтво.“ – изјави Борјан Ефтимов од Студентскиот пленум.

 Професорите, побараа нови механизми со кои ќе се развива научно-истражувачкото творештво.

„Минатата влада инвестира над 32 милиони евра во научно-истражувачки лабаратории, но никој не знае каде се тие средства. Парите се потрошија, но немаме никаква полза од овие средства“ – вели Башким Зибери – професор.

„Минатата влада инвестира над 32 милиони евра во научно-истражувачки лабаратории, но никој не знае каде се тие средства. Парите се потрошија, но немаме никаква полза од овие средства“

Уште еден предизвик на новиот закон, е создавањето на нов систем за финансирање на универзитетите.

Слични содржини