Космонаутко ја вакцинираше Шекеринска: „Да го заштитиме своето здравје и да придонесеме за колективното“

од Nikola Popovski

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денес во арената „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирус.

„Во одбрана на здравјето – вакцинирајте се!“, објави таа на својот Фејсбук профил и додаде:

„Да го заштитиме своето здравје и да придонесеме за колективното. Доколку не сте вакцинирани пријавете се на www.vakcinacija.mk“.

Шекеринска беше вакцинирана од страна од на познатиот медицински техничар Денис Јанкуловски – Космонаутко, кој во последните месеци е задолжен за организацијата и вакцинирањето во најголемиот пункт за вакцинација во земјава.

Според претходно објавеното, утре на ред за вакцинација се претседателот Стево Пендаровски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Слични содржини