Почетна / Актуелно / Косовската полиција знае каде се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, откри во судница обвинет во Монструм

Косовската полиција знае каде се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, откри во судница обвинет во Монструм

Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку вибер, рече на денешното рочиште за случајот Монструм обвинетиот Агим Исмаиловиќ. На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде точно се наоѓа неговиот брат Африм Исмаиловиќ, обвинет во оваа постапка кој се бара по потерница, Агим рече дека тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговито брат Африм како и обвинетиот бегалец Алил Демири, по кого исто така е распишана е меѓународна потерница, објави МКД.МК.

Прашањето околу точната локација на двајцата бегалци на обвинителката Фетаи ја налутија одбраната на обвинетите кои жестоко реагираа во судница зошто обвинителката поставува прашања за обвинети лица за кои има потерница и кои ги бара македонската полциија. На ова се спротивставија и судот и обвинителката кои беа децидни дека овде во судница сите се дојдени за да се утврди вистината.

На прашање на судот и на обвинителството, обвинетиот Агим Исмаиловиќ различно одговори каде бил на денот кога се случи петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Неговото алиби беше различно од тоа дека бил на работа во интернет кафе, па бил да се моли во џамија и бил дома, за на крајот да одговори дека не се сеќава точно каде се наоѓал во тој период, односно во своите одговори го кажал само начинот како му течел распоредот за еден вообичаен ден.

 

Повеќе

loading...