Косовската шефица на дипломатијата: „Можна е нова војна на Балканот“

од Stefanija Kuzmanovska

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц во понеделникот изјави дека може да има нова војна на Балканот доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија.

„Ова не е прв пат Вучиќ (српскиот претседател Александар Вучиќ) да носи воени трупи на границата со Косово. Ова не е прв пат да се заканува со војна“, изјави Гервала-Шварц за германски „Дојчландфунк“.

Таа смета дека Вучиќ ќе биде запрен само доколку Европската Унија воведе санкции против Србија.

„Исто така, треба да се заканиме дека ќе ги замрзнеме преговорите за членство во Европската унија доколку Белград не ги предаде одговорните за настаните од пред осум дена и не се откаже од нападот врз Косово и сите други земји во регионот“, рече косовската министерка за надворешни работи.

Во неделата германската влада ја повика Србија да придонесе за деескалација на ситуацијата на границата со Косово и да ги намали единиците на тоа подрачје.

Слични содржини