Ковачевски за платите кај Пендаровски: Претседателот е посебна институција, не знам каков колективен договор има

од Radmila Tasevska

Премиерот Димитар Ковачевски, денес, за доцнењето на платата на Кабинетот на претседателот, рече дека претседателот е посебна институција, не знам каков колективен договор има. Ќе си седнат со Министерството за финансии, ќе разгледаат колку имаат во буџетот, ќе споредат со Колективниот договор, ќе се договорат и на крај ќе донесат решение како што има решение за се.

Премиерот напомена дека претседателот е правник, ги знае сите законски регулативи, а и во својот Кабинет има врвни експерти од областа на правото.

-Мислам дека и за тоа ќе се најде решение, истакна Ковачевски, алудирајќи на Колективниот договор потпишан со Синдикатот на вработените кај претседателот на државата.

Според премиерот Ковачевски, не може институциите да седнат со синдикатот и без да гледаат во буџетските рамки да речат „ние потпишавме колективен договор“.

Пред неполн час имаше Став од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија во кој се потврдува дека платата за јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.

Слични содржини