Ковачки најави тужба: Шекеринска ме намести, без доказ ме казнија на плата

од Nikola Popovski

По објавата на Министерството за одбрана дека армискиот офицер Драган Ковачки е казнет со 30 посто од плата во период од 6 месеци, поради навреда на началникот на ГШ, се огласи и офицерот на својот Фејсбук профил.

„Ау каков непрофесионализам. Да дознаам од медиуми дека Шекеринска ме казнила 6 месеци на плата, а не сум примил никакво решение“, објави Ковачки.

Според него, „му наместиле дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна“.

„Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.

Чист аматеризам и своеволие.

Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот.

Срамота, Шекеринска на што се симнавте.

Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шекеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи Уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната.

Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.

Јас ова ќе ви го порачам:

Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат.
Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони.
Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.

Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници“, напиша Ковачки на ФБ.

Слични содржини