Кремљ за новиот британски премиер: „Нема причина за надеж“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков, денеска изјави дека изборот на Риши Сунак за нов премиер „не дава причина за надеж за позитивен развој на односите“ меѓу Велика Британија и Русија, пренесува „Ројтерс“.

„Не, во овој момент не гледаме никакви претпоставки, нема основа, нема надеж дека ќе има промени на подобро во нашите односи во блиска иднина“, рече Песков.

Портпаролот на рускиот претседател изјави дека „Русија се уште е отворена и подготвена да ги реши најсложените прашања преку преговори, но не на сметка на сопствените интереси“.

Слични содржини