Крипто-елитата од Давос се огради од FTX: „Тие се измамници, а не целата индустрија“

од Vladimir Zorba

Крипто-заедницата во Давос се обидува да се дистанцира од драматичниот колапс на берзата FTX и нејзиниот ко-основач Сем Бенкман-Фрид, кој сега се соочува со федерални кривични пријави во САД.

Имено, поранешниот извршен директор на оваа крипто-берза беше обвинет од американските федерални обвинители за 8 кривични дела, вклучувајќи хартии од вредност и т.н. „wire“ измама.

Тој беше екстрадиран од Бахамите во САД и досега се изјаснува за невин. Во исто време беше кажано дека со судот „соработувале“ двајца негови поранешни деловни соработници, т.е. тие се изјаснија за виновни по обвиненијата за федерална измама.

– FTX, според мене, сега е прикажан како крипто-проблем. Мислам дека ако навистина „излупите доволно слоеви од кромидот“, тоа не е навистина крипто… Тоа е измама. И мислам дека не треба да се преправаме дека е нешто друго – изјави за CNBC Бред Гарлингхаус, извршен директор на Ripple.

Гарлингхаус ја наведе и неговата изложеност на неуспешната крипто-берза. Во интервјуто во средата, тој рече дека Ripple позајмила околу 10 милиони долари XRP дигитални средства на FTX, кои, како што рече, „ги користеле за различни работи поврзани со берзата“.

XRP, инаку, е оригиналната криптовалута на Ripple.

Компанијата сега се надева дека ќе ги врати тие средства од стечајната постапка во САД, рече Гарлингхаус. Тој исто така додава дека оваа поврзаност на Ripple со FTX „не влијаела премногу“ на нејзиниот бизнис, бидејќи претставува само 1% од „ликвидните средства“.

Други крипто директори зазедоа сличен став како Гарлингхаус во Давос оваа година.

Тие сметаат дека е важно да се разликува колапсот на FTX од останатите крипто компании, бидејќи, како што велат, тоа е „неуспех на институциите, неуспех на поединци, нешто што нема никаква врска со самата технологија“.

Сепак, влијанието врз угледот на индустријата, поради падот на FTX, не може да се занемари, но нагласуваат дека ќе продолжат да фокусираат поголемо внимание на добро менаџираните компании.

Гарлингхаус во средата рече дека „не е фер да се издвојат криптовалутите во проценките за загубите на инвеститорите од ризичните средства за 2022 година, бидејќи и другите класи на средства доживеале значителни загуби“.

На пример, потфрлија и американските технолошки акции, кои се меѓу првите. Тесла, Амазон и Фејсбук изгубија 2 трилиони долари минатата година – тие пари едноставно „испарија“.

Слични содржини