Крис Риа се онесвестил и паднал на сцената

од desk4

Британскиот пејач Крис Риа е во стабилна здравствена состојба, откако колабираше на сцената на концерт во Оксфорд. По инцидентот, тој бил однесен во болница каде што е стабилизиран.

Пејачот бил на сцената околу 45 минути, кога одеднаш се фатил за држачот на микрофонот и паднал назад. Малку подоцна, завесата била спуштена, а шоуто прекинато.

Крис Риа, кој беше многу популарен во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, веќе има 66 години. Во 2000 година, тој се разболе од рак на панкреасот, а минатата година имаше мозочен удар.

Крис Риа денеска имаше закажан концерт во Брајтон и Бурнемут, кој е закажан за во вторнико. Најпопуларната песна на Крис Риа е “Driving Home for Christmas” од 1988 година, а најуспешен албум му е “The Road to Hell” од 1989 година

Слични содржини