Ла Верита ја откри преписката меѓу Филипче и Синофарм (ФОТО)

Италијанскиот весник „Ла верита“ во денешното продолжение открива детали за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини, ги објавува писмата на македонскиот министер за здравство Венко Филипче до кинескиот производител на вакцини „Синофарм“.

Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината.

Инаку, откако вчера проструи ваквата информација во „Ла Верита“, премиерот Зоран Заев се огласи и посочи дека немале лоша намера во рамки на овој процес.

„Апсолутно негирам било какви лоши намери или незаконско дејствување заради што во овој период правиме напори да направиме да набавиме по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани за час поскоро да ги има“, истакна Зоран Заев.

Идентично, министерот за здравство, Венко Филипче, отфрли сомненија за скандал и во своето излагање посочи:

„Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата“, изјави Филипче за Канал 5 во текот на вчерашниот ден.

Слични содржини