Ликвидиран многу опасен шеф на “Ал Каеда”

од desk2

Во саботата Пентагон соопшти за ликвидирање на терористт од меѓународната терористичка мрежа “Ал Каеда”, виновен за смртта на двајца американски војници.

Од Министерството за одбрана на САД тврдат дека терористот Кери Јасин кој е висок командант на терористичката организација, бил ликвидиран на 19 март и тоа како резултат на воздушен удар на американските воздухопловни сили во провинцијата Пактика во Авганистан.

Тој е одговорен за смртта на десетици невини жртви, вклучувајќи и двајца американски војници, истакнаа од Министерството. Терористот е родум од Пакистан. Според податоците на Пентагон, Јасин е одговорен за експлозијата во хотелот Mariott во Исламабад, која се случи на 20 септември 2008 года.

Како резултат на експлозијата загинаа десетици луѓе, вклучувајќи и војници на САД Родолфо Родригез и Метју О’Брајан. Јасин исто е одговорен и за извршениот напад во 2009 година, кога беше кренат во воздух автобус со тимот на крикет од Шри Ланка кој беше во пакистанскиот град Лахоре.

Тогаш загинаа шестмина полицајци и двајца граѓани, а шестмина спортисти беа повредени. “Јасин е сведоштво за тоа дека терористите, го изопачуваат исламот и ги ставаат на нишан мирните граѓани, но тие нема да избегаат од правдата”, рече Џејмс Матис, шеф на Пентагон.

Слични содржини