Луѓе скокале од тераси: По силниот земјотрес, тлото во Турција се тресеше уште 17 пати (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

По силниот земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, кој утрово во 8 часот и 44 минути по локално време ја погоди Адана, Турција, тлото се затресло уште најмалку 17 пати.

Истиот регион беше погоден од последователни земјотреси, од кои најсилните беа со јачина од 4,4 степени и 3,5 степени според Рихтеровата скала, јавуваат турските медиуми. Следуваа најмалку 17 последователни потреси во кратки интервали до 10:57 часот.

Првиот земјотрес предизвика паника во центарот на градот и околните квартови, а граѓаните истрчале од своите домови и работни места. Се истражува дали има штета.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека луѓето трчаат од продавници додека работите паѓаат околу нив.

Во болница се пријавиле 55 лица

Медиумите јавуваат дека 55 лица се пријавиле во болницата во соседниот кварт Кадирли поради страв и паника за време на земјотресот.

Оние кои дошле во болница со страв од земјотрес биле на здравствена контрола во Итната помош.

Две лица скокнале од балкон за време на земјотресот и се во добра здравствена состојба.

Слични содржини