Мачорот на Асанж е на безбедно

од desk2

Мачорот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е на безбедно место, објави таа организација на Твитер.

-Можеме да потврдиме дека мачорот е на безбедно место. Асанж ги замоли своите адвокати да го спасат од заканата од Амбасадата во средината на октомври. Тие повторно ќе се сретнат на слобода, напиша Викиликс.

Над објавата има фотографија на мачка, која седи покрај телевизиски екран на кој се прикажува апсењето на Асанж.

Мачорот на Асанж, кој живееше со својот сопственик во амбасадата, е познат, па дури има и свој профил на социјалните мрежи.

Слични содржини