Mагла со видливост од 50 до 100 метри на патиштата кај Струмица и Тетово

од Nikola Popovski

Од 21:45 часот нормализиран е сообраќајот на патот Струмица – Валандово. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 м. до 80 м. има во Струмица, а магла со видливост до 100 м. има во Тетово, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини