Македонија се бори со енергетската криза со намалување на цената на горивата, растат и пензиите

од Vladimir Zorba

Целиот регион е погоден од светската енергетска и здравствена криза, а последиците од тоа најмногу ги погодуваат најранливите категории на граѓани.

Владата со неодамна донесените мерки се обидува да се справи со кризата која ги зафати граѓаните, со надеж дека ќе го намали товарот на буџетот на граѓаните, предизвикан делумно и од војната во Украина.

Се намалија акцизите и ДДВ на горивата, но се укина и ДДВ на основните прехранбени продукт.

премиерот Ковачевски вчера во изјава потврди дека земјава ја има најниската цена на дизел горивото во регионот. Литар дизел во земјава чини 79 денари или 1,28 евра.

Во Црна Гора граѓаните за литар дизел издвојуваат 1,47 евра, во Бугарија 1,48, додека во Косово литар дизел чини 1,5 евра. Во Србија и Хрватска дизелот е 1,55, односно 1,59 евра, додека највисоки се цените во Албанија и Грција. Во Албанија за литар дизел се потребни 1,7 евра, додека во Грција дури 1,99.

Владата изминативе денови обезбеди нова методологија за раст на пензиите. Во наредните три месеци сите пензионери во државата ќе добијат по илјада денари финансиска поддршка, а со новата методологија од септември тие ќе се усогласуваат со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата во држава.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, сметаат дека „шокантно е што СДСМ се фали со цените на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат цените на берзите“.

„Наместо да се фалат дека поевтинуваат горивата на светскиот пазар, што секако не е заради Ковачевски, да ја намалат акцизата за 50%. Откако СДСМ е на власт, тие ја зголемија акцизата за 13.13 денари. И од тогаш секое литро гориво е поскапо за 13.13 денари, само затоа што така сакале СДСМ и ДУИ“, велат од Белата палата.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%, според нив, ќе ги намали цените и ќе овозможи граѓаните да имаат гориво по пристојни цени, а индустријата и земјоделците да имаат поевтино производство.

Трајко Славески, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М, вели дека во последните 20 години сме поминале низ многу кризи, вклучително и воениот конфликт од 2001 година, финансиската и економска криза од 2007-2009 година, и не се сеќава да имало вакви турбуленции како празни рафтови и трупање на залихи.

-Мислам дека владата доцна реагираше, односно погреши и не беше транспарентна што не ги убеди граѓаните дека во меѓувреме откако имало проценка како што слушнавме од претседателот Пендаровски уште од почетокот на ноември навестување дека ќе имало воен конфликт во Украина, да се пополнат стоковите резерви. Сите ние се прашувавме дали ќе има доволно масло за јадење, пченица, брашно итн и од тука е паниката што се создаде кај граѓаните, истакна тој.

Слични содржини