Малолетник од Скопје повреден со остар предмет за време на расправија, завршил во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен утрово, околу 2.30 часот, во СВР Скопје.

Според пријавеното, по претходна расправија, на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ тој бил нападнат со остар предмет од двајца други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини