Малолетник украл мотоцикл од пред зграда, па си се возел низ Скопје

од Nikola Popovski

Денеска (09.05.2023) во 02.45 часот на бул.,,Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје.

Тој бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 01.00 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче.

Во присуство на родител, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот.

Мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини