Манчини: Македонија е добар тим, ќе мора да одиграме одличен натпревар!

од Nikola Popovski

Италијанскиот фудбалски селектор Роберто Манчини е свесен дека неговата репрезентација има исклучително тешка задача да избори пласман на Светското првенство во Катар.

Европскиот шампион прво ќе треба да ја совлада Македонија, а потоа да биде подобар од победникот од дуелот Португалија – Турција.

Многу тешка ждрепка за нас“, изјави Манчини и додаде:

„Северна Македонија е добар тим. Ќе мора да одиграме одличен натпревар. Ако победиме, не чека Турција или Португалија. Ова се силни екипи“.

Главен впечаток по ждрепката беше веста дека на планетарното првенство нема да биде една од репрезентациите Италија или Португалија.

„Ние со задоволство би ги избегнале, како и тие нас. Можеше да биде подобро. Но, ние имаме самодоверба и размислуваме позитивно, особено кога моментите се толку тешки“, истакна Манчини.

Првите натпревари се на програмата на 24 март, а решавачките дуели се пет дена подоцна. Се се игра во еден натпревар.

Фото: Profimedia

Слични содржини