МАПА: „Заштитни зони”, во овие македонски градови нема ниту еден заболен од Ковид 19

од Берта Китинска

Во текот на вчерашниот ден потврдени се 66 нови случаи на Ковид-19 со што во земјава има вкупно 974 дијагностицирани пациенти. Едно лице почина, а регистрирани се 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови. Тие по два контролни теста се негативни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Според Иститутот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје.Додека во овие градови според мапата : Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево нема ниту еден заболен.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 465 машки и 509 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 44,9/100.000, додека кај женските 49,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 212 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 76,2/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 207 случаи со инциденца од 54,0/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 14,4  и 16,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 33 и 40 случаи соодветно.

Регистрирани се 45 смртни случаи (Лт = 4,6%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=31) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 8,1/100.000 жители. Од починатите, кај 33 (73,3%) се регистрирани коморбидитети.

Слични содржини