Марин: Чекор по чекор се исполнува зелената агенда

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин денес на својот фејсбук профил објави дека, општината почнува да ја резлизира како што вели, зелената агенда.

Имено, тој се осврна на проектите кои се во тек, и постави неколку фотографии на кои се гледаат активностите на општината.

„Започна уредувањето на новите паркови во Стар Аеродром. Градиме нови паркови, подигнуваме нови зелени површини, нови детски и спортски игралишта. Чекор по чекор ја исполнуваме зелената агенда!“, напиша Марин на својот профил.

Започна уредувањето на новите паркови во Стар Аеродром. Градиме нови паркови, подигнуваме нови зелени површини, нови детски и спортски игралишта.
Чекор по чекор ја исполнуваме зелената агенда!

Posted by Златко Марин on Понеделник, 18 јануари 2021

Слични содржини