Мартинез ја освои наградата за Играч на месецот на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез ја доби наградата за играч на месецот на клубот за август.

Аргентинецот ги започна сите четири натпревари на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, на кои забележаа две победи и два порази.

Во три од нив одигра 90 минути, а против Брентфорд беше заменет на полувремето.
Сепак, на последните два меча, на кои Манчестер Јунајтед ги освои трите бода, тој ги понесе наградите за „Играч на натпреварот“.

Слични содржини