Мас: Се сомневаме во подготвеноста на Русија да разјасни што му се случи на Навални

од Nikola Popovski

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека се сомнева во подготвеноста на Русија да разјасни што му се случило на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

„Мислам дека имаше многу можности во Русија да разјаснат што се случило во врска со труењето на Навални. Или барем да се започне истрага. Тоа не се случи. Затоа имаме сериозни сомневања дека Русија е подготвена да го стори тоа“, рекол Мас за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Мас исто така соопштил дека Германија не сака тоа да изгледа како прашање на билатералните односи.

„Ова не е тема на билатералните односи меѓу Русија и Германија. Затоа ги доставивме сите податоци до Организацијата за забрана на хемиско оружје “, рече Мас, додавајќи дека смета дека е точна одлуката за санкции против Русија по ова прашање.

„Во последните неколку месеци и недели Русија имаше многу можности да придонесе за разјаснување на она што се случи, придонес што само тие можат да го дадат. Тоа не се случи и ние го земаме предвид тоа“, рече Мас.

Слични содржини