Маск: SpaceX ќе произведува ракетно гориво од атмосферски CO2, тоа ќе биде важно i за мисијата на Марс

од Vladimir Zorba

Основачот на SpaceX, Eлон Маск, откри дека неговата компанија ќе започне програма за преземање на јаглерод диоксид од атмосферата и претворање во гориво за нивните ракети. Маск додаде дека програмата ќе биде важна за идната мисија на SpaceX на планетата Марс.

Маск објави за оваа нова програма на SpaceX преку Twitter и ги покани сите заинтересирани да се придружат во неа.

„SpaceX започнува програма за преземање на CO2 од атмосферата и претворање во ракетно гориво. Ве молиме придружете ни се доколку сте заинтересирани… Тоа ќе биде важно и за мисијата на Марс“, напиша Маск во објавата на Твитер.

Јутјуберот и астроном Скот Менли одговори на неговата објава, велејќи дека претворањето на CO2 во гориво е веќе направено, но дека претворањето на CO2 во ракетно гориво што ќе го напојува вселенското летало на Маск е всушност „сосема ново ниво“.

Еден од уредниците на Ars Technica, Ерик Бергер, од друга страна, истакна дека таквата програма „ќе одговори на растечката загриженост за климатските влијанија од лансирањето на ракети во вселената“.

Ѕвездениот брод на Маск на крајот би ја истражувал планетата Марс, односно се користел за летови до Црвената планета и назад до Земјата.

Да потсетиме, Маск во 2020 година тврдеше дека SpaceX ќе се обиде да ја испрати првата беспилотна мисија на Марс во 2022 година, а првата пилотна мисија во 2026 или 2024 година, „ако има среќа“.

Според податоците на SpaceX, Starship треба да биде лансиран во орбитата со товарна ракета, која потоа безбедно би се вратила на Земјата. Откако ќе дојде во орбитата, Starship треба да добие ново снабдување со гориво од вселенското летало танкер, кое исто така треба безбедно да се врати на Земјата по испораката на гориво, а Starship би го започнал својот шестмесечен лет до Марс.

Откако ќе се најде на површината на Марс, Starship би добил гориво користејќи локални ресурси, пред да се врати на Земјата, од каде истото вселенско летало би можело повторно да се користи за нов лет до Марс.

Сепак, самиот Маск предупреди дека нема сите да го преживеат патувањето до Марс и назад на Земјата.

„Можеби нема да можете да се вратите живи, но тоа е прекрасна авантура и ќе биде прекрасно искуство“, рече Маск.

Слични содржини