„Матеј секогаш ќе биде со нас“, кажа низ солзи таткото на исчезнатиот Хрват

од Nikola Popovski

Српската полиција утринава извлече тело од Дунав кај Белград, за кој постои сомневање дека е хрватскиот државјанин, Матеј Периш, кој исчезна вечерта на Нова година.

„Чекавме вести, ја чекавме вистината и таа вистина се покажа таква каква што е, болна, ништо, тешка“, изјави Ненад Периш за ХРТ откако во средата српското МВР го известило дека телото на мажот пронајден во Дунав можеби е неговиот син.

„Како што кажав морам да бидам подготвен на сето ова. Можеби некому му е чудно,но колку и да е болно и тешко и верувајте дека е страшно тешко,мора да има надеж. Мојата вера ме учи дека надежта секогаш постои. Иако се случи разделбата, надежта дека повторно ќе се сретнеме никогаш нема да престане да постои“, рекол Ненад Периш и им се заблагодари на сите што помогнаа „да се дојде до вистината“.

Ненад решил да замине во Белград по барање на српското МВР. Засега нема официјална потврда дека се работи за Матеј Периш. Се чека обдукција, токсиколошка и ДНК анализа со што ќе се утврди идентитетот на засега неидентификуваното лице, како и причината за смртта.

„Мораме да ги направиме тие формалности. Матеј е тука со мене и секогаш ќе биде. Да, пет месеци подоцна. Ќерка ми ми рече: „Тато, оди земи го Матеј, доведи го дома“. Ќе го направам тоа во овие два, три дена. Тој е со нас и секогаш ќе биде со нас“, изјавил потресениот Ненад Периш.

„Јас и моето семејство, колку и да беше тешко, а верувајте ми е многу тешко, веруваме дека ова не е крајот и дека повторно ќе се сретнеме во иднина, а Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја“, кажал таткото на Матеј во друга изјава за хрватски РТЛ.

 

Слични содржини