Медицинска сестра Николовска од „8 Септември“ испрати порака до сите граѓани

од Берта Китинска

Зорица Николовска, медицинска сестра – ГОБ „8 Септември“ вели дека сегашниот предизвик е голем за да се победи големиот непријател со кој се справува цел свет

-Издржавме затоа што имаме голема колегијалност, меѓусебна сплотеност и соработка. Мотивот секогаш бил и ќе остане да дадеме адекватна грижа за секого подеднакво. Сегашниот предизвик е уште поголем, да го победиме непознатиот непријател со кој се справува целиот свет. Особено е важно да се почитуваат мерките во празничниот период. Почитувајќи ги мерките и вие можете да спасите нечиј живот. Да останеме совесни и одговорни, вели Николовска.

Слични содржини