Медведев: Ако Израел испорача оружје на Украина, ќе ги уништи односите со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска дека испораките на оружје на Израел за Киев би биле непромислен чекор и може да ги нарушат односите на Израел со Русија.

„Се чини дека Израел планира да му доставува оружје на режимот во Киев. Тоа е многу непромислен чекор. Ќе ги уништи сите меѓудржавни односи на земјите“, напиша Медведев на Телеграм.

Израелскиот министер за дијаспора Нахман Шаи во неделата изјави дека Израел треба да започне со воена помош за Украина, по примерот на САД и земјите од НАТО, откако се појавија информации за испорака на балистички ракети од Иран на Русија.

Слични содржини