Медведев повторно провоцира: „Се чини дека Лавов ќе биде новиот главен град на Украина“

од Stefanija Kuzmanovska

Се чини дека пристигна првото признание дека Лавов, најголемиот град во западна Украина, ќе стане нов главен град на таа земја, напиша на мрежата X заменик претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, коментирајќи ја веста дека големата железница која поаѓа од Шпанија и ќе се протега низ јужна Европа, ќе заврши во тој град, а не во Киев.

„Се чини дека ова е прво признание дека Лавов-Лемберг ќе биде новиот главен град на Украина во границите на Лавовската област. И поентата овде не е дека патиштата на запад и во Малорусија се разликуваат по ширина. Едноставно, бизнис секторот е многу подалекувид од политичарите“, коментира Медведев.

Слични содржини