Менталното здравје е клучно во Ковид пандемијата: Почнуваа деновите на психологија

По четврти пат се организира националната платформа на психолози за унапредување на менталното здравје, односно Денови на психологија, со наслов „Ментално здравје 2020: Еден за сите и сите за еден!“, во организација на Комората на психолози на Република С.Македонија.

Имено, организацискиот одбор на Денови на психологија најави 33 психолошки акции кои ќе се реализираат од 17. до 27. декември, пријавени од страна на лиценцирани психолози. Исто така од таму потсетуваат дека оваа година беше исполнета со предизвици, интензивна психолошка поддршка и помош која беше и сѐ уште е актуелна поради долготрајната пандемиска ситуација.

„Оваа ситуација силно ги активираше сите наши системи на поддршка и потреба за соработка. Но, таа не не одмина и нас психолозите, па така и ние поминувавме и поминуваме низ многу промени, кои што можеби ги слабеат и/или зајакнуваат нашите лични и професионални капацитети за адаптација во услови на пандемија. Едно е сигурно, специфичноста на 2020 ги поттикна сите наши капацитети за вложување, ангажирање и придонес кон нашата заедница, водејќи се од повисока смисла и вредности, како и од личната и колективната одговорност! Токму затоа,
овогодинешните „Денови на психологија 2020 – Еден за сите и сите за еден!“ се можност за славење на сите наши напори да ја ставиме професијата во служба на граѓаните и во служба на професионалниот развој и соработка“, се вели во соопштението.

Слични содржини