Microsoft додаде вештачка интелигенција во Office пакетот

од Vladimir Zorba

Microsoft денеска објави нови планови да ја направи вештачката интелигенција достапна за повеќе корисници, како одговор на ривалските достигнувања на Google во истата област.

Како што објави Ројтерс, Microsoft денеска претстави нов „копилот“, односно асистент-вештачка интелигенција, за пакетот „Microsoft 365“, кој вклучува Word, Excel, PowerPoint и Outlook.

„Веруваме дека оваа следна генерација на вештачка интелигенција ќе отвори нов бран на раст на продуктивноста“, изјави денеска извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, на денот кога цените на акциите на компанијата пораснаа за околу 4 отсто.

Слични содржини