Microsoft со драматично предупредување за Windows 10: „Ажурирајте го вашиот компјутер ВЕДНАШ“

од Stefanija Kuzmanovska

Корисниците на Windows 10 се повикуваат да бидат сигурни дека нивните компјутери се целосно ажурирани, бидејќи 44 слабости се поправени во најновата надградба, а три се сметаат за критични.

Корисниците на оперативниот систем Wndows 10 треба да се осигураат дека нивните уреди се целосно ажурирани со најновите „закрпи“ на Microsoft. Компанијата со седиште во Редмонд штотуку објави голем број надградби што ги исправаат сите овие грешки, а некои се сметаат за толку сериозни што добија оценка „критично“.

Можеби најопасната од сите е заканата што сајбер-криминалците активно ја користат, иако не е јасно колку корисници на Windows се погодени досега. Microsoft потврди дека напаѓачите успеале да најдат слабост во нешто што се нарекува „Windows Update Medic“.

Тоа е релативно нов додаток на Windows 10 што е создаден за да работи во позадина и да поправа грешки во компонентите на Windows Update. Ова значи дека компјутерот може да продолжи да прима значајни ажурирања во секое време.

Во објавата на својата страница за безбедност, Microsoft рече: „Напаѓачот кој успешно ја искористи оваа ранливост може да работи со произволен код со системски привилегии. Ова значи дека напаѓачот може да инсталира програми. Прикажува, менува или брише податоци или отвора нови сметки преку кои би имале целосна контрола. Microsoft го испита проблемот и објави безбедносни ажурирања за да се справи со оваа ранливост“.

Овој нов „пач“ содржи поправки за три „zero day“ ранливости и вкупно 44 грешки, па дефинитивно вреди да се ажурира вашиот компјутер.

Слични содржини