Михов: Скопје сопре со работата на Коридор 8, ова ли е манифестација на добрососедство?

од Vladimir Zorba

Скопје еднострано ја прекинува работата на европскиот Коридор 8, кој ја поврзува Софија со главниот град на Република Северна Македонија, рече во програмата „Брисел 1“ пратеникот на ВМРО и доцент, проф. Милен Михов. Тој го цитираше вицепремиерот Каракачанов,дека членови на кабинетот во Скопје наводно рекле дека Коридорот 8 ќе го зголеми влијанието на Бугарија и ја гледа меѓународната транспортна врска како закана.

„Софија и Скопје се единствените европски метрополи меѓу кои нема железничка врска. И ние зборуваме за европски пазар, за слободно движење на стоки, луѓе, капитал и услуги“, рече пратеникот на ВМРО, проф.д-р Милен Михов.

„Многу луѓе во Бугарија не обрнаа внимание, но ова беше првото нешто што Скопје официјално го кажа откако пред месец и половина стана јасно за цврстата позиција на Бугарија, дека ќе престане да се гради или да работи на Коридорот 8. Деновиве г-ѓа Захариева изјавува дека проблемот не е финансиски. Обезбедени се европски средства, но во пракса Скопје еднострано престана да работи на овој проект, кој е финансиран од Европа“, додаде Михов.

„Ова значи дека елитата во Скопје ја смета економската, комуникациска врска со Бугарија како закана. Прашувам, дали е ова манифестација на добрососедство, пријателство, братство и исполнување на договорот? Одговорот е: дефинитивно „не“, рече пратеникот од редовите на ВМРО.

Слични содржини