Милановиќ: Ќе ставам вето на влезот на Финска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.

„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓавол грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник што е за“, рече Милановиќ.

На прославата на Денот на Вуковар, Милановиќ ја нарече хрватската влада „предавничка“, а рече дека поздравот „За дом спремни“ е штетен за Хрватска.

„Имаме предавничка влада, тие ги предаваат Хрватите во БиХ, а тие луѓе бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“, рече Милановиќ.

Тој оцени дека се очекува во БиХ да се игнорира фактот дека има Хрвати, Срби и Бошњаци, за да можат Бошњаците да ги надгласаат Хрватите. „За ова се подготвувавме, интелектуално ќе ги потопиме, нема да ме скршат. Играат на предавничка влада. Не сакам да бидам фин во Брисел, не ми е гајле, тоа таму се глупости“, изјави Милановиќ.

„Но, тогаш и во Борово ќе кажам дека четничкиот споменик мора да се нурне во реката. Но, предавничката влада нема да го стори тоа“, рече Милановиќ, зборувајќи за ситуацијата во Вуковар, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини