Милановиќ: Потребно е повеќе Европа на Балканот, но повеќе Европа во Брисел- Бог да чува

од Nikola Popovski

Го студирав европското право во Брисел и секогаш се зборуваше за тезата на Макрон за ЕУ во две или три брзини и секогаш тој менувач зарибуваше во фунционирањето. Не знам како би функционирало. Меѓутоа и да постои таков предлог, тоа така не може да функционира, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за неформалниот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“.

Според него, „потребно е повеќе Европа на Балканот, но повеќе Европа во Брисел- Бог да чува“.

Оваа тенденција само ќе продолжува и ќе продолжи ако не се каже каде е крајот. Претседател на ЕК не може да биде крал. Претставникот за надворешна политика не е компромисна фигура туку е ограничен носител на права во тоа подрачје. Да не се лажеме Хрватите не платија голема цена и не одеа во војна за да остварат големи интеграциски цели, туку за да имаат сопствена држава, исто како и Словенците, иако тие не војуваа. ЕУ е одлично средство, но само по себе не е цел и таа треба да се саморегулира, порача Милановиќ на прес-конференцијата на самитот на процесот Брдо-Бриони кој се одржува во Скопје.

Слични содржини