Милошевски: Германската делегација е против злоупотребата на европското знаменце

од Vladimir Zorba

За забелешките за злоупотребата на европското знаменце од германската делегација беше соопштено дека тие го имаат истиот став како и амбасадорот Гир, соопшти пратеникот Антонио Милошоски на денешната прес-конференција по одржаната работна средба со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Германија за Западен Балкан.

-Тоа значи дека се против злоупотребата на европското знаменце за закони кои немаат допирна точка со европското законодавство, појасни Милошовски.

Во однос на доставениот допис до Европската Комисија, а кој се однесува на употребата на европското знаменце, информира дека е доставен до членовите на Комисијата, како и до известителот во Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук.

– Да, има реакции, она што го знаеме е дека во рамките на Комисијата за надворешна политика ова е примено и дистрибуирано до членовите на комисијата во Европскиот Парламент и исто така дописот го има разгледано и известителот во Европскиот парламент за Македонија, рече Милошоски.

Слични содржини