Мировните преговори за Сирја кои се одржуваат во Женева во организација на Обединетите нации, без напредок во преговорите за договор кој би ја окончала шестгодишната граѓанска војна.
Преговорите ќе продолжат и утре ако тоа биде потребно, вели преговарачот на сиријската влада, Bashar al-Ja’afari.
Ja’afari рече дека Уставот е “ексклузивно право на сирискиот народ и нема да дозволиме никакво странско мешање во тоа”.
Портпаролот на опозицијата Yahya al-Aridi за Reuters рече дека владината делегација се обидува да го сврти вниманието од главната цел во преговорите – политичка транзиција, како што опозицијата го нарекува Асадовото симнување од власт.
На прашањето дали во текот на трите дена на преговори е остварен напредок, тој рече “Не многу. Првичните очекувања не беа многу високи”, информира Reuters.