Мишел е згрозен по посетата на Бороѓанка: Ова е ужас, виновниците мора да бидат казнети

од Nikola Popovski

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска е во посета на Украина. Тој заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети градот Бородјанка. Да потсетиме, претходно во Бороѓанка беа откриени масовни гробници со стотици убиени цивили, откако руските сили се повлекоа од таму.

„Нема зборови да опишам како се чувствувам, како претседател на Европскиот совет, ниту како татко, ниту како човек“, рече Мишел. „Ова се ужаси. Тоа се воени злосторства. Тоа мора да се казни. Тоа ќе биде казнето. Тие треба да платат за она што го направиле овде и во другите градови и населби во Украина “, рече тој.

Мишел рече дека Европската унија навива за победа на Украина над Русија. Тој додаде дека ќе направи се што може за да ја поддржи Украина. Тој рече дека најмногу мисли на луѓето кои се борат во Донбас и Мариупол и други украински градови.

„Ќе ги користиме сите алатки во наши раце“

„Тие се борат за суверенитетот на Украина. Затоа ќе ги искористиме сите алатки што ги имаме во наши раце“, рече тој, мислејќи на помагањето на Украина. Тој додаде дека ЕУ соработува со ММФ и Светската банка за да обезбеди Украина да ги добие потребните средства.

Тој заклучи дека е неопходно што поскоро да започне програмата за обнова на Украина. Си-Ен-Ен додава дека министерот за финансии на Украина проценил дека на земјата и се потребни 5 милијарди долари месечно финансиска помош за да ја одржи својата економија во живот.

Слични содржини