Мишел на работна вечера со Пендаровски, Џафери, Маричиќ и премиерот во Охрид

од Берта Китинска

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот за Европски прашања Бојан Маричиќ пред почетокот на Преспа форум за дијалог беа на работна вечера, објави на својот Фесјбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Пендаровски предходно оствари средба со п Мишел.

Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Северна Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување.

Тие се осврнаа и на воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза, информираат од претседателскиот кабинет.

Истовремено, двајцата претседатели размениле мислења за најновите идеи за создавање Европска геополитичка заедница, при што од страна на претседателот Пендаровски било потенцирано дека секоја идеја која ќе обезбеди продлабочена оперативна соработка за справување со заедничките предизвици и интереси, како што се стабилноста и безбедноста на европскиот континент и која нема да биде замена на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, е добредојдена.

Слични содржини