Мишел утре во Скопје поради францускиот предлог

од Nikola Popovski

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел  утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, објави МИА.

Според агенцијата, ова е потврдено од високи дипломатски извори на ЕУ во Брисел.

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот на самитот на НАТО во Мадрид рече: „Ги продолживме консултациите со македонските и бугарските власти. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сечиј сензибилитет. Во интерес на Бугарија и Северна Македонија, прифатливо за сите“. После неговата изјава, од Владата објавија дека предлогот стигнал во МНР.

Во петокот почнаа широки консултации за предлогот, пред се со коалициските партнери во Владата, од кои некои веќе позитивно се изјаснија за предлогот, а други се очекува да го сторат тоа деновиве. Премиерот Ковачевски се сретна и со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повтори дека францускиот предлог е неприфатлив за нив.

Слични содржини