Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега

од Берта Китинска

Докторот Жан Митрев, сопственик на истоимената клиника, доставил гаранција од еден милион евра дека нема да избега во рамки на истрагата што се води против него за кривичното дело измама.

– Првпат информираме дека осомничениот во Судот депонирал 1 милион евра, како гаранција дека нема да ја напушти државата за време на целата постапка. Тоа се случи на првото сослушување на д-р Митрев, кога беше предложено да му бидат одземени патните исправи. А и тогаш го најавив следново – како што ќе се одвива постапката, така и ќе се бараат повеќе гаранции – рече Бубевски.

Случајот е во истражна постапка. Гаранцијата е единствено нешто што можеше да ни го открие Бубевски, поврзано со истрагата, во која досега се испрашани околу 80 отсто од сведоците. Тој очекува за 2-3 месеци да биде оформено обвинението против Митрев.

Против докторот во август беше отворена истрага за делото измама откако претходно ИРЛ го објави документарецот „Нечиста крв“ за лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација.

Слични содржини