Митрев: Каде го гледате фашизмот на Ванчо Михајлов?

од Stefanija Kuzmanovska

Не треба да се мисли дека здруженијата се отвараат за провокација. Што провоцира клубот „Ванчо Михајлов“?, прашува претседателот на Здружението за македонско-бугарски пријателство, Добре Митрев, во гостување на „Само вистина“.

„Некои луѓе викаат дека бил фашист. Каде го гледате фашизмот на Ванчо Михајлов? Во 34та година е протеран од Бугарија, човек што нема никаква моќ, никаква власт, никаква војска, се сликал еднаш со Павелиќ и вие му вадите на него епитет дека е фашист“, вели Митрев.

Тој наведе дека ставот на Ванчо Михајлов за Макеоднците треба да го гледаме од временска рамка во тој период.

„Во неговото последно интервју рече дека Македонците се говеда“, му возврати на ова актерот Сашо Тасевски.

„Тоа не е кажано за Македонците, тоа е кажано за македонското раководство. Слушнето го целото интервју и тогаш видете за кого е“, му возврати Митрев.

Слични содржини