Митревски: Никаде, никој не преговарал за нашиот идентитет и за македонскиот јазик

од Берта Китинска

Пратеникот од редовите на СДСМ, Јован Митревски објасни дека нивната пратеничка група не се појавила во Собрание на комисија на која требаше да се разговара за Меморандумот на Бугарија рече дека не гледа потреба да се разговара за нешто што било факт.

-Прво како пратеници не гледаме потреба дека Собранието треба да дискутира и одлучува за нешто што е факт. Еве јас сум пратеник и треба да донесам одлука дали треба да дискутирам на таа тема. Јас сум Јован Митрески, јас сум Македонец и зборувам на македонски јазик и тоа е факт. Ако некој мисли дека во Собранието треба да се зборува за ова, тогаш најблаго кажано, се излажал. Очигледно во оваа нивна намера има и други цели. Прво не се израдуваа на членството во НАТО, сега прават се да го спречат патот на државата кон ЕУ. Мене ми е жал за тоа што се случува, можам да кажам само нека им служи на чест за се ова што го прават за нашата држава, вели Митрески.

На прашањето дека СДСМ разговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, туку за бугарскиот меморандум, тој вели дека не се преговара за идентитетот на македонскиот и јазикот.

-Не зборуваме за допаѓање или недопаѓање, зборуваме за факти. Никаде, никој ниту преговарал за нашиот идентитет, македонски и за македонскиот јазик. Ви кажав која е намерата и нека им служи на чест тоа што го прават, вели Митревски.

Слични содржини