Мицкоски: Ќе направиме ревизија на „27 Април“ и сите нарачани судски пресуди

По падот на моменталното владино раководство, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека ќе има ревизија на случајот „27 Април“.

„Имаме заробено обвинителство каде што се диктираат обвиненија. Не само за 27-ми април, туку зборуваме и за поширок опфат на обвиненија коишто служат за политички прогон. Имаме судство коешто функционира под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија која што ќе ја прават колеги обвинители, судии, но кои што биле чесни изминатиов период и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт“, посочи Мицкоски.

Во таа насока, Мицкоски потенцира и дека сите оние судии коишто прифатиле диктати и судски нарачни пресуди ќе бидат казнети согласно Уставот. Оттаму ќе биде направена ревизија на сите судски пресуди, како и онаа за „27 Април“.

„Ќе ја потсетам македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со блокиран имот поради случај кој што се води, а кој што е отпочнат надвор од законски дефинираниот рок согласно СЈО, кое што сите знаеме како заврши“, посочи лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, тој го спомена и случајот со замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го оцени како неправеден, незаконски.

Слични содржини