Мицкоски се инаети и глуми напуштена љубовница, вели Јакимовски

од Берта Китинска

Мицкоски не е добар советник за бетонизација, тој е добар советник за адвокатски услуги, тоа се покажа откако беше објавена цената на услугите на адвокатите кои ја давале за ЈП „Водовод“, вели градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во утринското гостување на ТВ 24.

Тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку локалната власт покажал како би се однесувал доколку ја преземе централната власт, а тоа било само со инат.

-Тој скокна да ја напаѓа градоначаничката , а ја има власта во Градот ги повлече директорите, сега и градоначалниците не се сликаат со Арсовска, па како ќе функционираат без нејзината соработка? Ја напушти власта наместо да ги решава проблемите, се инаети и глуми напуштена љубовница, кажа тој.

Градоначалникот откри дека немаат комуникација од јануари, а рече и дека сопругата на Мицкоски делела флаери против урбанистичкиот план во Влае.

-Со Мицкоски последен пат контакт имав во јануари. Од тогаш ништо. Па, сопругата на Мицкоски дели флаери против урабнистичкиот план во Влае, кој патем ист во последните 30 години. Каков е тој однос?, рече Јакимовски.

Слични содржини