Мицкоски: Замрзнувањето на цените на основните артикли малку ќе ја амортизира кризата

од Nikola Popovski

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти можеби малку ќе ја амортизира кризата, но никако не може да го стопира овој бран на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните. Тој смета дека тоа е една од сетот мерки коишто требаше да се преземат.

-ВМРО-ДПМНЕ уште во април и мај нагласуваше дека Македонија ќе дојде до оваа ситуација во која што е денес поради не преземање на соодветни мерки од страна на власта. Енергетската криза е во суштина и причинител за оваа инфлаторна спирала, рече Мицкоски пред новинарите.

Владата на денешната 124-та редовна седница донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.

Слични содржини