Мизрахи: Фингерпринтот на локалните избори ќе даде приказ за тоа дали пописот е точна статистичка операција

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ собираше потписи за законот за попис да се измени, ние не сме против пописот.Како народна партија ние не сакаме да повикаме на бојкот бидејќи народот може да биде казнуван, вели во тема на денот на „Сител“, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фингерпринтот  на локалните избори ќе даде точен приказ за тоа дали пописот е точна статистичка операција во која ние не веруваме или е договорена и на крајот на нас останува за тоа дали ние ќе го признаеме. Доколку сметаме дека е нерелевантен можеме да не го признаеме или пак да го повториме пописот, вели Мизрахи.

Слични содржини