Мизрахи: Предлог-законот за здруженија е ископиран во предлог-законот за политички партии

од Берта Китинска

СДСМ се огласи на прес-конференција кажувајќи дека ќе има предлог измени и дополнувања на Законот за политички партии во кој е апсолутно ископиран текстот којшто беше даден во предлог-законот за здруженија и фондации и апсолутно истиот текст е ставен во ова предлог законско решение, изјави денеска пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, која до Собранието достави измени на Законот за здруженија и фондации уследи по отворањето бугарски клубови со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

Пратеничката Мизрахи меѓу другото рече дека се уште не се сигурни дали СДСМ ќе го поддржи предлог законот за здруженија и фондации на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека искрено очекувала ова законско решение да помине денеска во Собранието.

– Се слуша дека предлог законот за здруженија и фондации којшто беше доставен минатиот петок во 16:30 часот ќе биде прифатен од СДСМ, односно од пратениците на мнозинството. Сепак, останува како декларативна изјава за којашто не сме сигурни дали тоа така ќе се издејствува на самиот крај. Пленарната седница закажана на која беше и оваа точка, доцни и се уште не е ни отворена, така што не може да гарантираме што ќе се случи денес иако искрено лично се надевав дека ова законско решение ќе помине во Собранието, рече Мизрахи која одговарајќи на новинарско прашање рече дека не би можела да каже дали до крајот на денот ќе се одржи пленарната седница.

Претходно, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, по скратена постапка. Целта на предлогот е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот. – Со предлог законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, се наведува во предложениот текст.

Слични содржини