Модриќ не му ја дал „десетката“ на Азар

од Vlatko K

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, откри зошто нема да игра со својот омилен и Сантијаго
Бернабеу број 10.

„Разговарав со Лука Модриќ за оваа тема, а Матео Ковачиќ беше посредник. Го прашав дали ќе ми
ја даде „десетката“, но тој не се согласи“, изјави белгискиот репрезентативец по ова прашање.


Ова е причината тој да позира без бројка на дресот за време на неговата официјална презентација
на навивачите на „белиот балет“.

„Сакам да станам најдобар фудбалер во светот, но пред тоа сакав да влезам во најдобриот клуб.

Никогаш не се сомневав дека еден ден ќе играм во Реал, и сега е совршен момент да го направам
тоа. Не зависи од мене на каква позиција ќе дејствувам, тоа е одлука на тренерот. Најдобро е да
играм на лево крило. Се надевам дека ќе освоиме многу трофеи и ќе го дадам мојот придонес.

Мојата цел е да го запишам моето име во историјата на Реал Мадрид“, додаде 28-годишниот играч
од средниот ред.

Слични содржини