Морската сол во Перу ги излечила заразените од коронавирус: Уште една лажна вест (видео)

од Nikola Popovski

Веќе една недела во Перу нема починати од коронавирусот затоа што го пронашле лекот за коронавирусот, лек што секој го има во својот дом – обична морска сол.

„Пред да влезе во белите дробови, коронавирусот се задржува 4 дена во грлото, за кое време започнуваат болката и кашлицата. Ако го исплакнете грлото со сол и топла вода или оцет, ќе го елиминираме вирусот “.

Оваа порака на фотографија, со упатство  да се сподели како „да спасите некого кој што има потреба!“, предизвика вистинска мешаница на социјалните медиуми. Тоа го виделе милион луѓе и било споделено од над 30 000 пати.

На ова, реагирал и перуански фармацевт, кој го молел претседателот да одговори и да се огласи за веста.

Поради фотографијата, а потоа и видеото, кои се здобија со толку голема популарност и на домашно и на глобално ниво, морала да реагира и поранешната министерка за здравство на Перу, Патриша Гарсија:

https://www.youtube.com/watch?v=vLwT2aGZC_o&feature=youtu.be

„Вирусот не лебди во грлото. Кога вирус ќе влезе во нашето тело, тој автоматски се лепи за клетките и предизвикува хаос. Тој ги принудува да произведат еден куп нови вируси и во тој момент веќе постои инфекција. Значи, сè што ќе ви го исплакне грлото, без разлика дали е тоа јод, топла вода или сол, нема да го убие вирусот“.

Таа додава дека господинот од видеото користи стручни зборови и изрази, затоа многумина веруваат во него, но дека неговите тврдења се апсолутно неточни.

Поранешната министерка повторила и дека има заблуди во секоја земја и дека научниците сè уште не идентификувале како дури и хидроксихлорокинот помага во елиминирање на коронавирусот.

Слични содржини